Охрид, 13. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од Програмата на Општина Охрид наменета за најмладите под мотото „Културата расте со децата“, денеска ќе се одржи забавниот настан „Разигран плоштад“.
Учениците од петто одделение од општинските централни училишта ќе играат во исти чекори и ритам, и ќе го прослават танцот. Настанот ќе започне во 12:00 часот на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, по завршувањето на редовната настава. Учениците кои ќе учествуваат на настанот или сакаат да бидат дел од публиката, треба да бидат на плоштадот најдоцна до 11:45 часот.
Преку проектот „За сите деца“, Општина Охрид оваа година за прв пат организираше богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња и врсниците кои летуваат во нашиот град.
На различни локации на отворено, почнувајќи од 21-ви јуни 2024 година, секој петок се реализираа низа културно-забавни настани и активности за деца под мотото „Културата расте со децата“. Сите настани за публиката беа бесплатни. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива