Охрид, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, Работна единица „Водовод“ Охрид, ги информираат граѓаните дека настанал дефект на водоводна линија во населбата „Христо Узунов“.
Жителите од околните улици ќе бидат без вода сè до 14 часот.
Дефектот настанал поради пукната цевка.
Екипите на претпријатието се на терен и работат на отстранување на дефектот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30