ноември 20, 2017

Охрид, 20. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод светскиот ден на детето, 20-ти ноември, УНИЦЕФ во светот организира прослава, ден за акција од децата за децата. На овој ден – годишнината од Конвенцијата за правата на детето – децата од целиот свет го креваат својот глас во знак на солидарност со најобесправените и најранливите деца во светот.

– Во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид се организира забавен ден со сериозна порака. Нашите ученици „превзедоа“ видни улоги за да фрлат светлина врз најгорливите предизвици со кои се соочува нивната генерација, под мотото „Децата ги превземаат училиштата“. Сите ученици беа поучени со Конвенцијата за правата на децата, додека во одредени одделенија повеќе часови беа отстапени токму на учениците, се со цел, успешно да ја реализираат нивната замисла за подобар детски свет, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука