Охрид, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Децата правобранители од Средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј”, денес ќе презентираат активности од нивната функција преку проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија.
Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации е договор за човековите права во којшто се утврдени граѓанските, политичките, економските, социјалните, здравствените и културните права на децата. Конвенцијата генерално го дефинира детето како секое човечко суштество кое не навршило осумнаесет години од животот, освен ако врз основа на законот на одредена земја полнолетството не се стекнува порано.
Нациите коишто ја ратификуваат оваа Конвенција се обврзани кон неа со меѓународното право. Комитетот за правата на детето при Обединетите нации којшто го сочинуваат членови од земјите низ светот надгледува дали Конвенцијата се почитува.
Презентацијата ќе се одвива во просториите на училиштето од 12:30 до 13:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива