Охрид, 1. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Би сакал да ја информирам јавноста дека денес поднесов оставка од сите мои политички функции во Либерално демократската партија, стои во дописот до медиумите од поранешниот советник во Советот на Општина Охрид и висок функционер на ЛДП Дејан Блажески.
– Сметам дека дадов свој придонес во ЛДП, а оставката ја поднесувам од лични и професионални причини, кои заради коректност кон партијата нема да ги образложам.
Изминатите седум години ја имав честа и обврската да бидам дел од ЛДП. Денес, заврши овој долгогодишен пат полн со предизвици, искачувања и падови. Продолжувам онаму каде што ќе можам да дадам најголем придонес и каде што мојот потенцијал ќе биде пресуден за следните професионални ангажмани, потенцира Блажески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива