август 26, 2024

Охрид, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На водителската позиција на Интернационалната вечер на 31-то издание на „Охрид фест“, покрај Марјана Станојковска ќе биде и популарниот глумец Дејан Лилиќ.

Актерот открива дека, и покрај богатото актерско искуство, за првпат ќе биде водител на фестивал.

– Пред 25 години сигурно не би се видел на фестивалот, пред десетина, можеби и би размислил. Но денес, по сето мое искуство, што сум видел, слушнал и доживеал, мислам дека е баш кул што сум тука. Со одлична екипа, на Интернационална вечер, со легенди и луѓе што оставиле многу зад себе. Задоволство ми е што на некој начин фестивалот ќе ме жигоса, а и јас него, вели Дејан.

Интернационалната вечер на „Охрид фест“ ќе се одржи на 31-ви август на сцената на „Долни Сарај“, а организаторите најавуваат големи уметници кои ќе го потврдат повеќедеценискотот квалитет на фестивалот. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: Нова Македонија

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука