април 28, 2022

Охрид, 28. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Каратистот Дејан Чолески е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Чолески е тренер во карате клубот „Чоле – Охрид“ кој е формиран во далечната 2002 година и годинава ќе одбележи јубилеј, 20 години постоење. Тренираат спортско карате, а со тренинзи почнуваат млади охриѓанчиња, на возраст веќе од 5-6 години. Чолески вели дека најмладите почнуваат од бел појас, но дека појасот служи за да чува споено кимоното и ништо друго…

Негов музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Sex On Fire на Kings Of Leon, Come As You Are на Nirvana и Let Me Down Slowly на Alec Benjamin.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Чолески падна на „Милион долари“ на Архангел. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука