ДЗС: Зе една година цените на угостителските услуги се зголемени за 6.1 %
јануари 11, 2025

Скопје/Охрид, 11. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во споредба со ноември 2024 година, е зголемен за 0.6 %.

Според истиот извор, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.1 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 3.5 %. (Крај)

извор: ДЗС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука