News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 8, 2024

Скопје/Охрид, 8. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0,3 %, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според истиот извор, зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1,7 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1,1 %, комуникации за 0,9 %, разновидни стоки и услуги за 0,5 %, образование за 0,3 % и здравје за 0,1 %.

– Во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 5,3 %, рекреација и култура за 1,8 %, ресторани и хотели за 0,4 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 %. Трошоците на животот во групата облека и обувки остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во септември 2024 година во однос на август 2024 година изнесува 99,3. Индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи зголемување од 2,6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,3 %, стои во информацијата на Државниот завод за статистика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука