јули 28, 2019

Охрид, 28. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) викендов ја продолжи кампањата за намалување на ризиците од пожари во Охрид.

Со поддршка на секторот за превенција при СВР Охрид и ТППЕ Охрид, Припадниците на силите за заштита и спасување во саботата и неделата ги запознаа жителите и туристите со превенцијата и заштитата од пожари.

Image may contain: one or more people, sky and outdoor

Image may contain: 2 people, people smiling, outdoor

– Покрај едукацијата за самозаштита и заштита на природата, најмладите со особена радост ја проследија демонстрацијата на работата на пумпата за гасење пожар. Кампањата за намалување на ризиците од пожари на Дирекцијата за заштита и спасување продолжува и во наредните денови во Тетово, Гостивар и Маврово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. (Крај)

извор: Дирекција за заштита и спасување фото: Дирекција за заштита и спасување

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука