Милано, 1.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Диего Симеоне и во следната сезона ќе седи на клупата на Атлетико Мадрид откако аргентинскиот стратег ја одбил понудата на Интер за преселба на „Џузепе Меаца“ во текот на летото.
„Нероаѕурите“ испратија богата понуда, со плата над десет милиони евра по сезона во следните пет години, поставувајќи му ултиматум на тренерот на Атлетико да одговори за 20 дена.
Интер претходно беше одбиен и од Антонио Конте, па според италијанските медиуми сега ќе го свртат вниманието кон Лучијано Спалети, кој летово ќе си замине од Рома, како и кон поранешниот тренерот на Вилјареал, Марселино. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20