Охрид, 19. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По добиена пријава дека е забележана нафтена дамка во каналот Студенчишта, надлежен Државен Инспектор за животна средина од Охрид направи вонреден инспекциски надзор при што е утврдено дека се работи за инцидент со бродот „Мис Стоун“ кој е полупотонат и е излеано одредено количество нафта во водите од каналот, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.
Додаваат дека на лице место бил присутен и Капетанот на Капетанијата, а согласно законската регулатива ДИЖС ќе ги превземе сите законски мерки и отворен е предмет во инспекциска постапка.
Супер радио и OhridPress неофицијално дознаваат дека претставници на локалната самоуправа веќе биле на лице место и дека за утре е закажано итно вадење на бродот од каналот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ДИЖС