Њујорк, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Томи Хилфигер потпишал договор со “Балантајн букс” за да ги издаде оваа есен мемоарите за неговиот живот и феноменалната модна кариера.
Книгата ќе ги документира неговите рани години во Елмира, Њујорк, во семејство од 9 деца, до неговите први чекори во модниот бизнис со неговиот дуќан The People`s Place, банкротот и создавањето на неговиот мултимилијардерски бренд.
– Размислувајќи за искуството во модната индустрија за последните 30 и повеќе години, можам да кажам дека беше доста „диво патување“, исполнето со важни моменти кои ја окарактеризираа како мојата кариера, така и мојот личен живот. Секогаш ќе верувам дека најдобро допрва доаѓа, вели Томи.
Хилфигер ја основал корпорацијата, која го носи неговото име, во 1985 година. Во 1992 година започна да се продава првата колекција машка облека. (Крај)
извор: ОхридПрес/People фото: архива