Скопје/Охрид, 17. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Најдоцна до утре Државната од општинските изборни комисии треба да ги добие потврдените листи на кандидати за градоначалници и советници за претстојните локални избори, закажани за 17-ти октомври.
ОИК ги доставува листите на кандидат/и до ДИК поради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидат/и. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини и во град Скопје. Најдоцна на 22-ри септември, ДИК и ОИК ќе ги известат овластените претставници за одржување на жрепката. Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна на 23-ти септември.
ОИК утврдената единствена листа на кандидат/и ги огласува најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките места во општината, најдоцна на 23-ти септември, до 24:00 часот.
До ОИК Охрид се доставени четири кандидатури за прв човек на градот и 11 советнички листи. Три листи се независни, три се поднесени од коалиции и пет се од политички партии.
Изборната кампања за првиот круг од локалните избори официјално започнува на 27-ми септември и ќе трае до 15-ти октомври на полноќ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива