Скопје/Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) на седницата која се одржа денеска го донесе Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање на двата изборни процеси – парламентарните и претседателските избори, закажани за 24-ти април, односно 8-ми мај 2024 година.
На истите, содржини за претендентите во изборниот процес ќе можат да објавуваат 37 телевизии, 35 радио станици, 11 печатени медиуми и неверојатни 249 интернет портали.
– Учесниците во изборната кампања нема да можат да нарачаат платено политичко рекламирање од радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите кои не се регистрирани ви Регистарот и да ги исплати од средства на трансакциската сметка за изборната кампања, информираат од ДИК.
Супер радио и OhridPress ќе го покриваат целокупниот изборен процес, со посебни програмски сегменти и рубрики за детално запознавање на граѓаните со иститот, како и со активностите на сите политички субјекти и личности кои се инволвирани.
Правилата на двете куќи, според законските норми ќе бидат објавени јавно во два наврати пред почетокот на самиот изборен процес. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес