ноември 5, 2021

Скопје, 5. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија денеска им ги издаде уверенијата на шесте нови пратеници во Собранието кои ќе ги заменат избраните градоначалници.

Откако Собранието го констатира престанокот на мандатот на досегашните пратеници, ДИК со допис ги информирал следните од листите кандидати за пратеници, кои, пак, во законски рок ја известиле Комисијата дека го прифаќаат мандатот за пратеник за остатокот од мандатот.

На местото на Тимчо Муцунски, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром доаѓа Тони Јаревски, на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски, а на местото на новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов ќе седне Драган Ковачки.

Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасева, Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид, Грација Бакраческа, а Билал Касами, кој на локалните избори беше избран градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски. (Крај)

извор: Р.С. Европа фото: DW

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука