октомври 15, 2017

Скопје, 15. октомври 2017(ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија на прес конференција го соопшти процентот на излезност на граѓаните на шестите локални избори до 13:00 часот.

Според нивните податоци, одвкупно запишаните 1.814.644, своето гласачко право го искористиле 486.212 избирачи. Од обработените податоци на веб страната ба ДИК, најголема излезност од 47,53% е евидентирана во Демир Капија, а најмала од 15,08 во Босилово.

Во Македонија се гласа на 3.480 избирачки места кои ќе бидат отворени до 19:00 часот. (Крај)

извор: ДИК/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука