Скопје/Охрид, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот писател и публицист Димитар Пандев, кој живее и работи во Скопје, денес го промовираше Словачко-македонскиот речник во Порта Македонија.
Проф. Димитар Пандев од Филолошкиот факултет го промовираше делото заедно со Мартин Безак, амбасадор на Словачка во Република Македонија, како и Гоце Цветановски, директор на Институтот за македонски јазик.
Автори на ова значајно лексикографско издание се Гоце Цветановски, Љупчо Митревски и Звонко Таневски.
Годинава, исто така ќе биде објавена новата книга „Меѓу црквата и чаршијата“ на проф. Димитар Пандев.
Проф. Димитар Пандев е филолог и литературен критичар. Роден е 1958 година во Охрид. Работи како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Член е на ДПМ од 1987 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива