април 26, 2022

Охрид, 26. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Димче Китрозоски- Китроз е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Во неговото семејство музиката е лепакот кој ја држи заедно семејната атмосфера. Тој е Димче Китрозоски, електороинжињер кој ја „згрешил“ струката, но отсекогаш искрено знаел дека музиката е таа која тече низ неговите вени. Времето покажа дека сепак не згрешил во следењето на сопствената интуиција, затоа што музиката, поточно уметноста (бидејќи половина од неговата креативност ја троши на создавање витражни дела) му донела „уметнички“ животен стил со многу награди и успеси. Заедно со сопругата Жармена се дел и од групата Le Trick со која носат добра музика во бројни кафе барови и клубови во Охрид и државата.

Негов музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Walk On на U2, Absolute Beginners на David Bowie и The Show Must Go On на Queen.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Китрозоски падна на „Знаеш каде да ме најдеш“ на групата Нокаут. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука