октомври 25, 2024

Скопје/Охрид, 25. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

На средбата се разговараше за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, притоа акцент се стави на економската соработка и инвестициите.

Станало збор и за воспоставување на директна авиолинија Скопје – Букурешт како и поврзување со аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

– Министерот Николоски ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на реализација на капиталните проекти, потенцирајќи ги инфраструктурните проекти. Исто така тој додаде дека Владата е посебно фокусирана на квалитетно и брзо поврзување со земјите од Централна Европа. Се истaкна и прашањето за процесот на реформи што се спроведуваат како дел од интегративниот пат на земјата во Европската Унија, притоа министерот Николоски потенцира дека Владата е максимално посветена за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата, соопштија од министерството за транспорт.

Додаваат дека биле потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји, а била нагласена потребата од интензивирање во дејностите од заеднички интерес за двете земји. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука