News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 29, 2024

Охрид, 29. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против 54-годишно лице од Кичево, за „несовесно работење во службата“.

– Во својство на в.д. директор на Управа за водење на културно наследство од Скопје, со пропуштање на должен надзор, односно без да изврши контрола кај локалитетот „Плаошник“ во Охрид, дали избраната агенција за обезбедување имоти и лица со седиште во Кичево, се придржува на потпишаниот договор и дали врши физичко и техничко обезбедување на локалитетот како што било предвидено, лицето од Скопје, свесно и’ овозможило да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 4.926 250 денари. Второпријавениот, вработен како одговорно лице во агенцијата, по склучување на договорот со управата не постапил по истиот и целосно не ги исполнил предвидените технички услови и ангажирал помал број на вработени лица. Исто така не се придржувал на законот за приватно обезбедување каде јасно е предвидено дека секој вработен треба да поседува лиценца и легитимација, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука