Охрид, 11. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вредноста на градот е во луѓето. Грижата за нив не треба да престанува ниту еден ден. Охрид треба да биде град кој промовира социјална правда, вклученост и безбедност за сите негови жители преку систематски, сеопфатни и иновативни програми во социјалната политика. Град кој обезбедува квалитетен живот од најраното детство до староста, истакна на денешната прес-конференција на кандидатката за советник од редовите на СДСМ, Снежана Дическа.
– Покажуваме дека може да се промени начинот на кој Охрид се грижи за своите жители, од сите села и населби, за децата, за младите, за постарите и оние на кои им е потребна посебно внимание, затоа што социјален град значи грижа за секој поединец кој го има својот дом тука. Постојано ја негуваме солидарноста и меѓугенерациската почит и затоа во претстојниот мандат преземаме конкретни мерки за подобрување на условите за повозрасните лица. За таа цел во слободни простории и објекти кои се под надлежност на локалната самоуправа предвидуваме отворање на пензионерски клубови опремени со основни услови за развој на социјалниот живот во оваа категорија граѓани. Просториите ќе бидат отворени од 10.00 до 20:00 часот, а тука пензионерите во близина на своите домови ќе можат да се дружат и да поминуваат пријатни денови во третото доба, истакна Дическа.
Таа додаде дека е предвидено отворање на Центар за социјални услуги за изнемоштени и повозрасни лица, кој ќе нуди нега и помош во нивниот дом.
– Во соработка со Министерството за труд и социјална политика и лиценцирани организации за нудење социјални услуги, ќе овозможиме помош и услуги за повозрасни охриѓани во нивните домови, вклучувајќи одржување на хигиена, снабдување со намирници, основна здравствена нега и слично. Овој проект ќе го подобри животот на дел од нашите граѓани, но и ќе отвори нови работни места. Планираме организирање и на локална поддршка постари лица при добивање информации, совети, обезбедување директна помош при контакти со социјални и здравствени работници и институции. Имаме јасна визија и план за сите генерации, затоа на 17-ти октомври заокружете го бројот 12, гласајте за поубав Охрид, за инфраструктурно и модерно уреден град. На 17-ти октомври гласајте за градоначалникот Константин Георгиески и за советничката листа на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. На 17-ти октомври заедно со вас носиме уште една голема победа за Охрид, порача Дическа. (Крај)
извор: СДСМ фото: СДСМ