март 15, 2017

Охрид, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Никогаш во Охрид да не се случи ваква трагедија, каква што јас ја доживеав, ниедна мајка да не ја почувствува мојата болка.

Со ваква порака се обрати Драгица Матилоска, мајка на младиот Димитар, кој за време на новогодишната ноќ 2016 година трагично го загуби животот. Во книгата дневник „Мојот живот после изгубен живот“, учителката Матилоска ја соголува својата душа.

– Зборувам за самотијата, за стравовите што ги чувствувам во мојот дом, за празните соби, ходници, за болката кон Димитар и животот без него, рече Матилоска.

Самиот дизајн на книгата си има и своја симболика. На предната корица е прикажано Охридското Езеро. Додека на задната корица е слика од црниот лебед во студена вода, студена каква и што беше ноќта кога Димитар трагично го загуби својот живот.

20170315_105932

Во книгата се вметнати и цртежите на внуците кои премногу го сакаа својот вујко.

– Се гордеам со мојот син Димитар Матилоски. Тој беше прекрасен и редок, исто како оваа црна птица. Сите новинари и граѓани го нарекуваат убиеното мирно момче, рече Матилоска.

Книгата е со симболична цена од 200 денари, а може да се купи во просториите на Црвен крст – Охрид.

20170315_110627

Средствата собрани од продажбата на книгата ќе одат во хуманитарни цели, за ученик на Матилоска, кој боледува од мускулна дистрофија.

– Сочуствуваме  со тагата на семејството Матилоски. Апелирам  и ги поканувам охриѓани, фирмите и институциите да дојдат овде да купат или да ја нарачаат книгата. Ние ќе им ја доставиме на нивна адреса, потенцита претстедателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точко.

Уште додека траеше промоцијата, затекнавме ученичка од ОУ„Григор Прличев“, пратена од учителки и наставнички, колешки на Матилоска, која купи повеќе примероци од книгата.
Матилоска кажа дека тука нема да застане и веќе ја пишува втората книга.

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука