Охрид, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако заедно со Наум Петрески и Џамбо Агушев ја снимија „Животе брате“, ДНК ја објавија новата песна, овој пат заедно со талентираната Теа Трајковска.
Станува збор за песната „Амајлија“ која нуди вистински хитовски звук и е еден од потенцијалните летни хитови за популарното дуо.
Автори на „Амајлија“ се Панчо и традиционалниот партнер на групата Лазар Цветкоски, а режисер на спотот е охриѓанецот Даниел Јовески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 95