јануари 3, 2017

Охрид, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес е вторник, 3 јануари 2017 година, 3-от ден во годината.

Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:20 часот. Денот ќе трае 9 часа и 25 минути.

Претежно ведро и студено утро ќе имаме и денес во најголем дел од Македонија, со исклучок на крајните западни предели каде што преовладува претежно облачно време.

Доцна попладне и навечер во северните, северозападните и западните предели ќе биде нестабилно со слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели западен ветер. Утринските температури од -11 до 3 степени, а максималните температури ќе достигнат до 2 односно до 10 степени.

Во Охрид денес температурата до 4 степени.

Утре во раните утрински часови во западните и крајните источни и североисточни предели ќе има провејување на слаб дожд и снег, а во текот на денот насекаде ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Максималните температури од 0 до 8 степени. Во четврток облачно со врнежи од дожд и снег. Врнежите од снег прво ќе започнат над 700 метри а во текот на денот снежната граница ќе се спушта, па во попладневните и во вечерните часови врнежи од снег ќе има насекаде и ќе бидат проследени со засилен северозападен и североисточен. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука