јули 16, 2019

Охрид, 16. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Покрај стандардната понуда која ја нуди секој туристички центар, убаво и современо уредени плажи и соодветна угостителска понуда, Охрид и неговата околина нудат одлични можности за развој на спортскиот, авантуристичкиот и многу други видови туризам.

Овој потенцијал може да го искористиме само доколку доколку имаме спасувачка служба која е подготвена да интервенира во секакви услови и да одговори на повик 24 часа дневно. Токму таков современ спасувачки центар, свечено беше отворен деновиве во Охрид, а ќе функционира во рамките на планинската спасителна служба при Црвениот Крст од Охрид.

https://youtu.be/cyluTvznzi8

– Со воспоставуањето на оваа служба и 24 часовните дежурства, ќе се отстрани еден од клучните недостатоци од минатото, а тоа е непостоењето на организиран систем за управување со ризици. Меѓутоа останува уште многу да се работи, особено оние кои работат на организирање на туристички патувања. Сметам дека сегментот на управување со ризици е клучен и дека кај нас треба уште многу да се работи на тоа поле, истакна Антонио Додевски, проектен менаџер на планинската спасителна служба при Црвениот Крст од Охрид, во емисијата Радио Корнер, на Супер радио.

Супер радио: Пред неколку дена, во Охрид, свечено беше отворен спасувачкиот центар на Планинската спасителна служба при Црвениот Крст од Охрид. Што ја прави оваа служба прва од ваков тип во регионот?

Додевски: Кратко кажано, многу работи го прават прв центар од таков тип во регионот. Прво за прв пат во нашата држава се воспоставува организаиран систем за спасување на планина кој 24 часа ќе го покрива поширок регион од пет општини, тоа се Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца и Ресен, дури и Поградец во Албанија. Самото воспоставување на ваква служба е прво во регионот, но од она што можевме да го слушнеме од неколкуте посети кои ги имавме од минатиов период, меѓу нив двајца инструктори од една од најдобрите спасителни служби во Франција, кои беа гости кај нас, не го криеја воодушевувањето и кажаа дека и тие посакуваат ваков центар. Ги прашавме дали се сериозни или се шегуваат, одговорија дека се многу сериозни, биејќи кај нив објектите со кои центирите располагаат се постари од 50-тина години, така што и тие посакувале еден ваков центар, кој во себе интегрира и оперативен центар и тренинг центар со простор и за семинари и други собири, соодветен простор за чување на потребната опрема итн. Да не бидеме толку нескромни, меѓутоа дефинитивно во поширокиот дел од овој регион, во овој дел од Балканот, навистина е прв центар од ваков тип.

Супер радио: Службата свечено беше отворена за време на настанот „Градиме зaедничка иднина“, каде присуствуваа претставници од најразлични владини, невладнини организации и други професионалци кои се занимаваат со оваа тема. На која начин се финансира самиот проект и што друго се случуваше во рамките на овој настан?

Додевски: Морам да напоменам дека и центарот и воспоставувањето на службата е помогнато од Европската Унија, преку ИПА2 програмата за пркугранична соработка со Албанија. На самиот настан „Градиме заедничка иднина“ се презентираа 9-те проекти кој што во првиот повик од ИПА2 програмата, успешно го поминаа селективниот процес и добија проекти за реализација. На плоштадот имаше саем за проекти, во хотелот „Нова Ривиера“ имаше три панел дискусии на различни теми поврзани со туризмот, а составен дел од овој настан беше и свеченото отворање на спасителниот центар, каде што и ние одржавме една панел дискусија на тема „Значењето на меѓународните стандарди за спасување и нивната важност во туризмот“.

Супер радио: Со ова комплетно можете да го сервисирате и планинското и спасувањето на вода?

Додевски: Спасувањето на вода е обезбадено во рамките на проектот „Охридско Езеро, безбедна дестинација за авантуристички туризам“, а целта е подигнување на безбедноста на Охридското Езеро, проект во кој ние и во албанскиот дел од езерото, на територија на општина Поградец, развивме служба за спасување на вода, која претходно воопшто не постоеше, обучени се 40 спасувачи на вода, набавена е комплетна опрема за опремување на 10 капалишта, а набавен е и патролен чамец со комплетна медицинска опрема, преку што спасителите ќе можат да ги обавуваат своите активности, додека преку овој проект кај нас, го унапредивме она што го имаме претходно.

Супер радио: Во минатото многу пати сте потенцирале дека имаме совршени услови и огромен потенцијал за развој на авантуристичкиот туризам, но секогаш сте потенцирале и дека за да станеме поатрактивни за овој тип туристи, нужно е да се работи на самата бездедност. Може ли да се каже дека преку проектите кои ги реализирате е решено прашањето за безбедноста, како најголем недостаток или има уште аспекти на кои треба да се работи, а се подеднакво важно?

Додевски: Со воспоставуањето на оваа служба и 24 часовните дежурства, ќе се отстрани еден од клучните недостатоци од минатото, а тоа е непостоењето на оргнизиран систем, меѓутоа останува уште многу да се работи, особено на оние кои работат на организирање на туристички патувања. Сметам дека сегментот на управување со ризици е клучен и дека кај нас треба уште многу да се работи на тоа поле. Клучниот недостаток, врз кој приватниот сектор сам не може да делува, е токму воспоставувањето на ефикасни системи за спасување, што ете ние за прв пат успеавме да го воспоставиме.

Супер радио: Финансиската рамка за потребните активности на проектот е обебедена преку ИПА фондовите на Европската Унија, но како гледате на одржливоста на овој проект во иднина, кога природно ќе „секнат“ странските донации?

Додевски: Прашањето околу одржливоста на проектот е клучно прашање и му посветивме посебно внимание. Во рамките на проекот обезбедивме студија која ги дава одговорите и за идната одржливост и за организациската поставеност на самата служба, меѓутоа и за нејзиното идно финансирање. Имавме и една работна средба, на која присуствуваа сите градоначаници од општините вклучени во проектот и мора да истакнам дека сите изразија голем интерес да се вклучат идната одржливост на службата. По примерот на ваквите служби во светот и по логиката на нештата спасителната служба не може да биде приватен бизнис кој остварува приходи, единствено на тоа треба да се гледа како на инвестиција која во заедницата се враќа преку развојот на туризмот, меѓутоа ако ја гледаме како активност која е трошок, трошок кој што во сите земји во светот го покриваат властите, гарантирајќи безбедност за сопствените жители, но и давајќи сериозен придонес во развојот на туризмот.

Супер радио: Пред крај, работите ли тековно на некој друг проект?

Додевски: За прв пат ќе кажам дека пред десетина дена стигна известувње од Европската делегација дека ни е одобрен проектот кој е продолжение на претходниот, во програмата за прекугранична соработка со Албанија во вториот ИПА повик. Успешно го поминавме селективниот процес и нашиот проект е избран за финансирање. Со него ќе биде обезбедена зимска опрема за спасување на планина во општините Грамш во Албанија и Дебрца, кај нас. Ќе бидат воспоставени основни, базични тимови за спасување, кои ќе поминат обуки, а ќе биде набавено и по едно специјално возило. За нашата служба пак, ќе биде набавена комплетна опрема за спасување во зимскиот период.

Image result for Sky Corner Ohrid

Емисијата Radio Corner се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Sky Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука