февруари 21, 2015

Париз, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вчера беа доделени филмските награди “Цезар”, на 40-то по ред издание на филмската академија за француска награда за кино.

Престижната награда отиде во рацете на мавританскиот режисер Абдерахман Сисак за филмот “Тимбукту”, посветен на трагичните настани во Мали во последните години.

Мавританскиот филм триумфираше во 7 номинации, вклучувајќи ја и онаа за главната награда – за најдобар филм.

Актерот и режисер Шон Пен зеде награда за придонес во светската кинематографија.

Признанието за најдобра машка улога го доби 25-годишниот француски актер Пјер Нинеу за сликата на моделиер Ив Сен Лоран во истоимениот биографски филм на режисерот Џалил Леспер. Наградата за најдобра женска улога отиде кај 25-годишната Адел Анел. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука