Охрид, 24. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес на Градскиот плоштад во Охрид, на учениците од сите основни и средни училишта, кои освоиле некоја награда на натпревар по знаење од државно или меѓународно ниво, ќе им бидат доделени дипломи.
Освен по наставните предмети, охридските ученици годинава постигнаа успеси и на државни натпревари по музички инструменти, уметност, спортски активности, „Детски семафор“ и други вон училишни активности.
Дипломи ќе добијат и учениците кои постигнаа резултати на годинешната Училишна спортска лига. Оваа лига се одигра во повеќе спортски дисциплини.
Свеченоста ќе биде со почеток во 12 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29