Охрид, 24. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Обилниот дожд кој го зафати регионот на Република Македонија го одбегна Охрид, каде наврнаа смао еден литар на м2, додека најмногу дожд наврна во Штип, каде се измерени вкупно 87 литри на м2 површина.
– Врнежи од 1 литар на метар квадратен имаше во Охрид, 2 во Ѓуриште, Лазарополе и Дебар, 4 во Берово, Пожаране, Тетово и Маврово, 5 во Куманово, 6 во Тополчани, 7 во Прилеп, 8 во Гевгелија, 9 во Демир Капија, 11 во Струмица, 16 во Крушево, 18 во Виница, 24 во Дојран, 32 во Крива Паланка и 38 во Скопје, информираат од УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град и засилен ветер.
Максималната тeмпература во Охрид ќе се искачи до 19 степени.
– До сабота подрачјето на Македонија ќе се задржи под влијание на серија влажни воздушни бранови, па времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Денес и утре ќе има услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер. Во четврток ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе дува засилен северен ветер. Од утре температурата значително ќе опадне, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива