Охрид, 25. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид денес, го дочека Вториот Ден Велигден со прекрасно сонце и температура од околу 20 степени.
Уште од раните утрински часови, бројни охриѓани и гости го искористија убавото време за прошетка по Кејот. Деновиве во градот доминираа домашни гости, кои редовно престојуваат во приватното сместување или во сопствените станови и викенд куќи.
Од странските туристи стандардно за Велигден, најмногу имавме посета на гости од Грција и Бугарија, како и од Србија.
Градот е се’ уште солидни исполнет со гости, кои го користат продолжениот празничен викенд и уживаат во преубавиот Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 35