Охрид, 16. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот ден на +12 степени Целзиусови донесе вистинска доза убавина, сонце и туристи во февруари во преубавиот Охрид.
Раздвижено беше на кејот, во стариот дел на градот, но и во угостителските објекти, каде доминираат домашните, гостите од Србија, но и од целиот свет.
Денеска во Охрид имавме претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура се искачи до 12. степени.
– Во следните денови ќе се задржи сончево време со појава на мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 30