Охрид, 8. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денес напладне во Охрид ќе се одржи прес конференција на која своето пристапување кон Граѓанското движење за одбрана на Македонија јавно ќе го објави група составена од доктори, актери, спортисти и професори од Охрид.
Дваесетина јавни личности пред два дена го формираа таканареченото Граѓанско движење за одбрана на Македонија.
Членовите, меѓу кои се и актерите Тони Михајловски и Зоран Љутков, професорката Виолета Ачковска и режисерот и писател Братислав Димитров, велат дека не се задоволни што се прислушувале илјадници граѓани од странските служби, а потоа тие материјали се искористуваат со цел да се внесе раздор и незадоволство во земјава.
Од новоформираното движење велат дека тие не сакаат да се дозволи дестабилизација на Македонија, нејзино преименување и исчезнување на државата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива