Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид за време на пропратните активности за празникот Богојавление – Водици, пред охриѓани премиерно ќе го прикаже документарниот филм „Танцот на пастрмките“.
– Филмот е сниман пет години во Охридското Езеро, за време на мрестот на рибите. По тоа, следува и изложба на подводна фотографија. Од сите слики кои ќе бидат изложени, средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за лицата од социјален ризик, најави Милован Секуловски, од Нуркачкиот центар „Амфора“.
Хуманитарниот дел од акцијата ќе биде во соработка со црвен крст Охрид.
Проекцијата на филмот ќе биде на 17-ти јануари, со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес