Охрид, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вродува со плод Јавниот повик на Државниот архив на Република Македонија до граѓаните за подарување архивски материјал. Охриѓани во повеќе наврати веќе споделија лични делови од колективната меморија.
– Денес во охридскиот Архив, Петар Милошевски предаде документација од хронологијата на фреската Свети Ѓорѓи и нејзината реставрација, која се наоѓа над влезната врата над црквата Свети Ѓорѓи во Охрид, насликана од неговиот прадедо Климент Заричинов во 1889 година, а реставрирана од Илија Шапкар. Останува за навек оваа документација и „временскиот пат“ на фреската да сведочи за многу идни поколенија. Благодарност до Данаил и Петар Милошевски, вели раководителот на Подрачното одделение на Државниот Архив во Охрид, Никола Митровиќ- Бабе. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива