октомври 15, 2021

Охрид, 15. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во оваа борба за Охрид, наш сојузник сте вие. Ви ветуваме нема да има договори и преговори, нема да има непринципиелни коалиции, изјави носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Сашо Донев.

– Ги повикувам сограѓаните да нè поддржат, да ни бидат ветар во грб, да издржиме и успееме заедно. На сите ни е доста од неправди затоа заедно да го спасиме Охрид од неспособноста, деструкцијата, криминалот и корупцијата. Да им покажеме дека сме побројни од нив. Ветуваме дека ќе бидеме погласни, и посилни и поработливи. Време е Охрид да биде на сите нас. Поддржете нè, само заедно со вас ќе се избориме за нашиот град, потенцира Донев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука