Скопје/Охрид, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Основниот суд Скопје 1 донесе времена мерка со која забрани продажба и оптоварување со залози на движен и недвижен имот на „Скопски пазар“ во Охрид.
Решението со кое се забранува отуѓување или оптоварување е заради обезбедување на имотно – правно барање на оштетени кои се акционери во „Скопски пазар“. Подносител на пријавата против членови на Управниот одбор и на Надзорниот одбор и акционер во „Скопски пазар“ е компанијата „Современ дом“.
Ова решение било донесено при крајот на февруари односно пред еден месец и тоа по предлог на Основното јавно обвинителство од Скопје кое води постапка во која се осомничени членови на Управниот одбор и на Надзорниот одбор како и еден голем акционер во „Скопски пазар“. (Крај)
извор: Фактор фото: архива