септември 15, 2021

Скопје/Охрид, 15. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Заклучно со 11-ти септември во Охрид прва доза вакцина против COVID-19 примиле 27.784 лица над 18 години, што е 62,3% од населението.

Според податоците од министерството за здравство со две дози се имунизирани 24.734 лица. Со ова Охрид и понатаму е при врвот на листата македонски градови со најголем опфат на вакцинирано население.
Во соседна Струга со прва доза се имунизирани 23.791 граѓанин или 42,6% над 18 години, а 18.164 примиле и втора доза.

Што се однесува до новозаболени од COVID-19, во Охрид моментално има 601 активен случај. Во последниве 10 дена се регистрирани 115 нови случаи, болеста ја победија 34 пациенти, а починаа 6 лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука