мај 15, 2017

Охрид, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Преку комбинирано прскање од земја и воздух до поголема ефикасност во справувањето со комарците.

Центарот за јавно здравје од Охрид во текот на првите три месеци од годинава ги детектира местата со ларви на комарци. Во два наврати веќе е реализирана земјена ларвицидна дезинсекција. Опфатени беа жаришта со ларви на комарци кои Центарот за јавно здравје ги мапира како покритични, информира д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Охрид.

jovankasturlakova2– Ја следиме состојбата во каналите, барите и стоечките води. Со тоа што ги мапиравме жариштата, веќе се познати потенцијалните локации за размножување на комарци, а како најзафатено е Студенчишкото блато. Следното третирање од земја, според нашите планови, ќе се реализира кон крајот на овој или почетокот на идниот месец. Но, се ќе зависи од временските услови. Секако граѓаните навремено ќе бидат известени кога ќе се одвива прскањето, подвлече Стурлакова Коровешоска.

terenskadezinsekcijaВо Охрид, дезинсекцијата се спроведува на површина од 1.500 хектари на потегот од Св. Наум до Подмоље. Покрај теристичка, се спроведува и авионска дезинсекција за уништување на возрасни комарци. За неа е надлежно Министервото за транспорт и врски, а охридскиот Центар за јавно здравје овозможува логистичка поддршка.

Според Стурлакова Коровешоска најдобар ефект се постигнува доколку се комбинираат ларвицидната и адултната дезинсекција. Ако се третираат ларвите, тогаш се очекува да има помалку возрасни комарци.

Кај охриѓани се свежи сеќавањата од пред две години, кога во Охрид имаше вистинска инвазија од роеви бели пеперутки. Тогаш повеќе граѓани се пожалија и на алергии предизвикани од овој инсект. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука