Струга/Охрид, 31. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress секојдневно носи дневни фотографии од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.
Секој ден ќе објавуваме по една фотографија од истата локација на кеј „Македонија во Охрид, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација.
Денеска објавуваме и фотографија направена денеска од истекот на Охридското Езеро во реката Црн Дрим и бројот на отворените порти. Според експертите и екологистите, влијание врз намалениот водостој, покрај временските прилики има и човечкиот фактор, со регулирање на нивото на езерото преку испуштање на водата со отворање на портите кај истекот на реката Црн Дрим во Струга, за потребите за производство на електрична енергија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес