Охрид, 12. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Градски гробишта“ ги повикуваат физичките и правните лица до крајот на овој месец да ги подмират долговите по основ на такса за гробарина и фактури за гробни места или услуги.
Доколку сметките не бидат платени, ќе бидат покренати соодветни постапки пред надлежните органи, а должниците ќе бидат оптоварени со дополнителни трошоци кои произлегуваат од постапките, информираат од претпријатието. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 39