Охрид, 12. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Засега до општината нема поднесени барања од граѓани за обесштетување, по завчерашното невреме што го зафати Охридскиот регион, проследено со силен пороен дожд и електрични празнења.
Од општина Охрид за Супер радио и OhridPress информираа дека екипа на Кризниот штаб излегла на терен да изврши увид во состојбите. Доколку некои од граѓаните поднесат барања за обештетување, тогаш ќе се прави проценка на штетите и ќе следи одредување на висината на надоместокот.
Охридскиот регион завчера го зафатија силни врнежи од дожд и грмежи. Најмногу штети имаше во Трпејца, Љубаниште и Св. Наум. Билансот од невремето беа паднати дрва, оштетени угостителски објект, кајчиња, камп приколки и шатори, за среќа без повредени граѓани.
За разлика од кај нас, невремето од другата страна на Галичица, во Преспа, предизвика многу поголеми штети. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива