Скопје/Охрид, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ако локалните избори не се распишат навреме тогаш ќе се блокира функционирањето на локалната власт.
Мандатот на градоначалниците и на советите на општините, според изборниот законик, е 4 години. Сè додека не се разјасни каков ќе биде составот на евентуалната идна владина коалиција, Собранието останува врз својот прв човек. Според изборниот законик, токму спикерот најдоцна до понеделник треба да ги распише редовните локални избори.
Од Државната изборна комисија велат дека последниот датум за тоа е 6 март, со што би се испочитувал и законскиот рок за изборите да се одржат во првата половина од мај.
Според Изборниот законик, откако претседателот на Собранието ќе ги распише локалните избори, почнуваат да течат и роковите за подготовка на изборите и нивното спроведување. (Крај)
извор: Алсат М фото: архива