Скопје, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве македонската алт-поп, поп-рок и џез-поп музичарка и интерпретаторка Ана Симоновска, ја издаде новата песна „До последен миг“.
– Ми претставува големо задоволство да ви ја преставам мојата најнова песна – „До последен миг“. Музиката и текстот, како и за моите претходни остварувања, ги напишав самата, за аранжманот се погрижи Дарко Тасев, со кого имам повеќегодишна успешна соработка, а за продукцијата е одговорен Кристијан Габровски, изјавува Симоновска.
Музичарката се надева дека наскоро ќе биде снимен и видео запис за нејзината нова песна.
Симоновска во 2013 година ја издаде песната „Утро без тебе“, која беше актуелен хит и во текот на цела 2014 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ana Simonovska