Охрид, 17. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е гласањето на локалните избори.
Според првичните информации од Државната изборна комисија, до 09:00 часот во Охрид,од обработени податоци од речиси сите 88 избирачки места, на гласање излегле 2.172 граѓани од запишаните 52.477.
– Изборниот процес се одвива со некои ситни проблеми, но ИТ поддршката е на терен, па гласањето продолжува без поголем застој. Најчесто проблемите се несоодветно приклучување на уредот со принтерот како и погрешно внесување на корисничко име и лозинка, вели Антигона Сионов, претседател на Општинската изборна комисија.
Граѓаните на Македонија денеска гласаат на седмите локални избори, додека во Охрид ова се осми избори за локална власт.
За Охрид поднесени се три кандидатури за градоначалник и 11 советнички листи.
Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
извор: ОхридПрес фото: архива