Охрид, 15. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Изборниот процес во Охрид се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера.
– На избирачките места во Општина Охрид, од вкупно запишаните 52.858 граѓани, своето гласачко право до 13:00 часот го искористиле 14.735 избирачи, односно 25,03%, информира претседателот на Општинската изборна комисија, Димитрија Вревезовски.
Традиционално, според искуството од минатите изборни циклуси, поголема излезност се очекува во попладневните часови. До Општинската изборна комисија засега нема пристигнати информации за изборни нерегуларности.
Граѓаните на Македонија денеска гласаат на шестите локалани избори. Во Охрид се гласа на 88 избирачки места, а граѓаните прават избор меѓу тројца кандидати за градоначалник и пет советнички листи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес