Охрид, 24. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Уште помалку од еден месец за поднесувањ барања за субвенции во земјоделството.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на општина Охрид, ги потсетува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15-ти мај.
Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од барателите.
Доколку барателите имаат потреба од помош при создавање на електронско барање, може да се обратат во подрачните единици на Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 30-ти април. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива