октомври 31, 2024

Скопје, 31. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – До 5-ти ноември, до 16:00 часот е продолжен рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025, соопштија од Министерството за култура и туризам.

Посочуваат дека продолжувањето е поради техничките проблеми што настанале поради преоптоварување на системот.

– Сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација, информираат од министерството.

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука