Охрид, 24. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со настапот на Драган и Ратко Даутовски, синоќа започна второто издание на Ohrid Jazz Festival.
Тие се претставија со проектот „Звукот на исконот“, а за вечерва е предвиден настапот на Наташа Миха Трио со Наташа Миха (вокал), Дамир Имери на пијано и Иван Бејков на бас.
Ohrid Jazz Festival е во организација на Општина Охрид и се одржува во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:30 часот. Влезот за сите посетители е слободен.
Започна минатата година во насока на збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 131