септември 1, 2017

Охрид, 1. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тајните на древната кинеска духовна дисциплина Фалун Дафа утре и задутре (2-ри и 3-ти септември) ќе можат да се откријат и во Охрид.

На кејот покрај езерото, пред хотелот „Палас“ во периодот од 9 до 11:00 часот охриѓани ќе можат бесплатно да ги научат вежбите на Фалун Дафа и да се информираат за оваа традиционална метода за оплеменување на духот и телото од Кина.

Фалун Дафа е древна кинеска духовна дисциплина чии морални учења, медитација и вежби можат на еден навистина единствен и ефективен начин да го подобрат здравјето и да го подигнат нивото на енергијата.

falun

Позната е и под името Фалун Гонг, претставува напредна пракса на самокултивација која го помага менталното и физичкото здравје, преку физички вежби и развивање на карактерот.

Дисциплината е претставена на јавноста во 1992 година од страна на мајсторот Ли Хонгџи. Поради своите концизни принципи, брзо се прошири, па до 1999 година, со над 100 милиони следбеници стана најраспространета пракса од овој вид во Кина и во светот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука