News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 3, 2024

Скопје/Охрид, 3. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на својата веб-страница го објави списокот на граѓани кои ќе добијат ваучери за инвертер клима-уреди и најави дека доделувањето треба да започне наредните денови.

Повиците за ваучери за ранливите категории граѓани и за поттикнување енергетска ефикасност беа објавени од Министерството за економија и граѓаните аплицираа уште во февруари. Треба да се доделат околу 6.000 ваучери.

Сега, обврската да ги подели ваучерите ја презеде новоформираното Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Оттаму велат дека почнале со дистрибуција на ваучерите до општините, а граѓаните ќе може да ги подигнат во специјални регионални канцеларии кои се отворени само за оваа намена. Точната локација и работното време на канцелариите ќе бидат дополнително објавени (најдоцна до 6 ноември) на веб-страницата на Министерството.

– Предвидени се ваучери од 27.000 денари за лица со ниски примања (приходи до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена). За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од Пелагонискиот и Југозападниот регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони по 23.000 денари, потсетуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Проверете дали сте помеѓу добитниците ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука